Лидерот на израелските лабуристи по 47 години ги избричи мустаќите за да му читаат од усни

Од:

Лидерот на израелската Лабуристичка партија Амир Перец се појави на телевизија без мустаќи, првпат после 47 години, со објаснување дека благодарејќи на тоа Израелците ќе можат полесно да му читаат од усни пред изборите на 17 септември.

Во интервју за ТВ Канал 12, под наслов „Амир Перец каков никогаш не сте виделе“, лидерот на лабуристите најави дека без мустаќи „ќе ја врати надежта на државата Израел“.

– Во текот на 47 години секогаш бев со мустаќи. Во 2002 година Здружението на глуви ме контактираше и тогаш првпат ги потстрижив бидејќи тие не можеле да читаат од моите усни, па не можеле да ме разберат, појасни Перец.

Израелските медиуми наведуваат дека Израелците биле шокирани кога Перец првпат се појавил без мустаќи. Судејќи според реакциите на социјалните мрежи, многумина се разочарале што се избричил.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он