Лидерот на Дубаи ќе плати над 500 милиони фунти отштета за развод

Од:

Владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактoум е осуден да и плати на својата поранешна сопруга принцезата Хаја и нивните две деца отштета за развод од над половина милијарда фунти, што е највисоката сума која некогаш ја доделил британскиот суд, пишува „Гардијан“.

Во писмената одлука, судот наведе дека „главната закана“ за Хаја и нејзините деца доаѓа од шеикот Мохамед, кој е и премиер на Обединетите Арапски Емирати.

Хаја побегна во Велика Британија во април 2019 година заедно со нејзините две деца. Оттогаш, во серија сослушувања, кои чинат повеќе од 70 милиони фунти судски такси, судиите на Врховниот суд утврдија дека „шеикот Мохамед го организирал киднапирањето на две негови други деца, принцезата Латифа и принцезата Шамса, и ја подложил Хаја на заплашување“.

– Користејќи го шпионскиот софтвер Пегасус на израелската НСО Груп, тој ги хакирал телефоните на Хаја и петмина нејзини соработници, меѓу кои и двајца нејзини адвокати. Неговите агенти се обиделе да купат замок во вредност од 30 милиони фунти веднаш до домот на Хаја во Беркшир, што претставувало „многу сериозна закана за нејзината безбедност“, наведува судот.

Судот наредил егзистенцијата на Хаја да се плаќа однапред, а не годишно, бидејќи во спротивно би настанала ситуација во која поранешниот сопруг би имал инѕерес да ги намали плаќањата и да ја ослаби нејзината заштита од него.

Договорот вклучува 210 милиони фунти, кои мора да се платат во рок од три месеци, за покривање на безбедносните трошоци на Хаја до крајот на нејзиниот живот и нејзините деца додека не го завршат високото образование. Шеикот, исто така, мора да плати 41,5 милиони фунти однапред на поранешната сопруга за образование и заостанати плати и 5,6 милиони фунти годишно за секое дете за да ги издржува додека не дипломираат. Вклучувајќи ги и другите трошоци, договорот може да достигне 554 милиони фунти, иако износот може да варира во зависност од тоа колку долго траат годишните исплати.

Портпарол на шеикот Мохамед изјави дека „тој секогаш се грижил неговите деца да бидат обезбедени. Судот веќе донесе одлука за финансиското прашање и тој нема намера дополнително да коментира. Шеикот само бара од медиумите да ја почитуваат приватноста на неговите деца“.

Би можело да ве интересира

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медведев се „расплака“ по победата во Дубаи

Предраг Петровиќ