Личната помошничка на Меган Маркл дала отказ поради притисок на работа

Од:

Мелиса Тубати, лична помошничка на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, дала отказ поради огромен притисок и сѐ тоа завршило прилично бурно – таа си заминала расплакана од кај благородничката.

Изворот за списанието „Мирор“ изјави дека „нејзината работа била таква што таа била под голем стрес и не можела тоа да го издржи”.

– Работела многу, Меган барала многу и таа „излетала од кралскиот дом во солзи… Таа (Мелиса) е исклучително талентирана и имаше клучна улога во успехот на кралската свадба. Им недостасува на сите во палатата Кенсингтон, сведочи неименуваниот извор.

Причините се тие, а самиот повод засега не се открива.

Се шпекулира дека пред свадбата, Маркл се скарала и ја расплакала и нејзината јатрва, сопругата на принцот Вилијам и војвотка од Кембриџ Кејт Мидлтон.

Мелиса Тубати претходно му била помошничка и на пејачот Роби Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Меган Маркл со изборот на фустан го прекрши кралскиот начин на облекување

Ана Ололовска

Меган Меркл роди син

Татјана Ташкова

Меган Маркл на својата прва свадба на гостите им делела марихуана

Наум Локоски

Меган Маркл ќе се врати на глумата откако ќе роди деца

Наум Локоски

Универзитетот на Меган Маркл го користи нејзиниот лик за да привлекува студенти

Наум Локоски

Принцот Хари и Меган Маркл добија кралско пиво

Наум Локоски