Компанијата „Леново“ оствари удел од 16,7 отсто на светскиот пазар за персонални компјутери во вториот квартал од оваа година, со што стана водечки производител на персонални компјутери во светот.
Ова е првпат компанијата јасно да ја заземе водечката позиција во областа на персоналните компјутери. Претседателот и извршен директор на „Леново“, Јанг Јуанкинг изјави дека се горди што компанијата станала лидер на подрачјето на персонални компјутери во светот, изразувајќи благодарност до корисниците, како и на глобалниот тим за овој успех.
– Дури и на најпредизвикувачките пазари на персонални компјутери, компанијата „Леново“ не само што оствари удел, туку постепено ја подобри профитабилноста, а претставивме и иновативни производи за секој сегмент на пазарот, додаде Јуанкинг.