Култниот „Лајбах“ доаѓа во Скопје – ќе настапи на „Таксират“

Од:

По 8 години, словенечката авангардна група доаѓа на концерт во Скопје да го претстави новиот албум – „Spectre“

На главната вечер на 17. издание на „Таксират“ на 7. декември во „Метрополис Арена“ ќе настапи словенечката индустријал легенда, култната група „Лајбах“. Најпознатата и истовремено најконтроверзната група од регионов, по речиси осум години пауза од студиските изданија, доаѓа со новиот и исклучителен албум „Spectre“ (сениште).

„Лајбах“ со овој албум повторно е една од најголемите атракции на музичката сцена. Откако го промовираа ширум Европа, годинава следеше и турнејата во С.А.Д., а неодамна го привлекоа вниманите на медиумите од целиот свет со веста која одекна за нив како единствениот западен бенд кој доби дозвола да настапи во Северна Кореја, најзатворената земја на светот. По Северна Кореја, единствената група од регионот која успеа да ја зацврсти меѓународната кариера со серија исклучителни албуми, своето последно остварување ќе го претстави на фестивалот „Таксират“ во Скопје.

Покрај „Лајбах“ за фестивалското финале на „ТАКСИРАТ“ на 7. декември во „Метрополис Арена“ потврдено е и гостувањето на еден од најактивните и најжестоките каталонски бендови „ЛА ПЕГАТИНА“. Годинава во знак на „Таксират“ ќе се одржат и бројни дополнителни музички настани, од кои веќе е најавено одржувањето на втората меѓународна музичка „ПИН конференција“ на 27. и 28. ноември во МКЦ, која ќе биде затворена со годинашното издание на „Лузер фест“ (сабота, 28. ноември).

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски