Кула што го прочистува воздухот

Од:

Седум метри висока кула вшмукува и чисти 30.000 кубни метри воздух на час, додека за тоа користи струја колку и болјер. Прва ваква кула е поставена во Ротердам и во моментот е најголем вакуумски чистач на светот.

Кулата е креирана од данскиот дизајнер, Дан Розегард (Daan Roosegaarde), сопственик на дизајнерската фирма „Studio Roosegaarde“ во која работат десет дизајнери и инженери. Идејаата се родила по неговата посета во Кина во 2013 година кога се сретнал со проблемот на големата загаденост на воздухот. Истата година го најавил планот за креирање пречистувње на воздухот чија прашина ја претвора во дијаманти.

Кулата го вшмукува воздухот како огромен вакуумски чистач. Воздухот потоа се филтрира со помош на технологијата која пренесува позитивно наелектризирање на честичките прашина. Негативно наелектризираната електрода привлекува прашина, а пречистениот воздух се испушта низ вентилите на шест страни на кулата. Неговата патентирана технологија работи на сличен начин како пречистувач на воздухот во болниците.

– Воздухот околу кулата на оддалеченост до 25 метри во просек е 60 проценти почист од воздухот во другите делови на градот, рече дизајнерот. Во затворени простори процентот е уште поголем. 

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска