Кучиња – спас од срцев удар и од мозочнен удар

Од:

Сопствениците на кучиња имаат поголема веројатност да преживеат срцев удар и мозочен удар отколку оние кои немаат кучиња, според новата студија објавена од Американското здружение за срцеви заболувања АХА.

Студијата беше спроведена врз основа на клиничка студија, посебна обемна анализа на постојните податоци и претходни студии и ја потврди предноста од чувањето куче за здравјето на луѓето.

Кучињата се поврзуваат со 33 проценти помал ризик од смрт од срцев удар за оние кои живеат со домашно милениче, како и 27 проценти од мозочен удар, во споредба со оние кои немаат куче.

Глен Левин од АХА рече дека студиите даваат „добри, квалитетни податоци“.

„Иако овие студии не можат да „докажат“ дека вдомувањето или имањето на кучето директно води кон помала смртност, овие детални откритија секако тоа го сугерираат“, додаде тој.

Сопствениците на кучиња имаат поголема веројатност да пешачат редовно и да имаат помал крвен притисок, рече Керолин Крамер, професор по медицина на Универзитетот во Торонто, горд сопственик на минијатурен шнаузер наречен Ромео.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска