Кучето робот на Бостон динамикс чини 74.500 долари

Од:

Компанијата Бостон динамикс денеска официјално почна со продажба на своето флексибилно и повеќенаменско роботско куче Спот кое чини 74.500 долари.

Кучето робот може да се нарача преку официјалната интернет-продавница на Бостон динамикс, а со купувањето, купувачот добива и две батерии, полнач, контролер за таблет, куќиште за роботи и куќиште за напојување.

– Планираме да произведеме околу илјада роботи Спот следната година, но можеме да го зголемиме производството зависно од побарувачката. Исто така, разгедуваме можности за продажба и во странство, изјави портпаролот на компанијата.

Бостон Динамикс го дизајнираше ова роботско куче така што да може, како што велат оттаму, да оди таму каде што другите роботи не можат. Благодарение на додатоците, Спот може да се конфигурира и како помошна машина во градежнички работи, следење на околината или во лаборатории за истражување.

Би можело да ве интересира

Доаѓа револуција: Маск наскоро ќе претстави робот кој може да ви биде пријател

А1он

УНЕСКО донесе прв меѓународен документ за вештачка интелигенција

А1он

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска

Русите прават робот што ќе тестира за Ковид-19

Жарко Настоски

ВИДЕО: Гандаму – новиот јапонски џин од речиси 20 метри

Ана Ололовска

ВИДЕО: Куче-робот ги предупредува жителите на Сингапур да внимаваат на физичкото растојание

А1он