Кучето Чејс, кое важеше за најгрдо куче во Британија, умре на 16 години

Од:

Сопствениците на Чејс, кучето кое во 2017 година го освои второто место за „најгрдо куче во светот“ на натпреварот во Калифорнија, денеска почина на 16-годишна возраст, соопштија неговите сопственици.

Смртта на Чејс се најде во светските медиуми, особено затоа што неговиот необичен изглед го привлекуваше вниманието во јавноста.

Чејс имал катаракта на едното око, немал заби и во последниот период едвај се движел. Неговите сопственици од Вејлс велат дека нему едвај му останале влакна на грбот и дека починал во нивниот дом од панкреатит.

„Тој беше убав одвнатре. Уникатен. Го носевме секаде со нас. Тој ги сакаше луѓето, исто како што тие го сакаа него“, изјавила неговата сопственичка Сторм Шајлер, додавајќи дека Чејс бил мало куче со големо срце и дека никој нема да може да го замени.