Ксиаоми го претстави новиот смартфон Ми-3 опремен со најмодерни компоненти за кој тврди дека е најбрзиот смартфон на пазарот.
Според техничките карактеристики Ми-3 или МиФон 3 ќе биде достапен во две варијанти во зависност од операторот. Едната варијанта доаѓа со нВидија Тегра 4 чип со 1.8 Гигахерци, а другата варијанта со веќе очекуваниот Снапдрагон 800 со 2,3 Гигахерци.
Овој смартфон според големината на екранот, од пет инчи, се граничи до фаблет. Ми-3 е опремен со ИПС екран Шарп/Ел-Џи со резолуција од 1920х1080 пиксели.
Во внатрешноста се наоѓа 2 ГБ ЛП ДДР 3 работна меморија, од 16 до 64 ГБ внатрешна меморија, Сону Ехмор РС камера од 13 мегапиксели и батерија со капацитет од 3050 мили Ампер часа.
Се ова се наоѓа во куќиште со дебелина од само 8,1 милиметар и маса од 145 грама.
Ксиаоми Ми-3 работи на Андроид оперативен систем, односно модифицирана верзија МИУИ В5.