„Круна“ продолжува со контроверзиите и во петтата сезона

Од:

Претстојната петта сезона на серијата на Нетфликс – „Круна“ (The Crown), наводно, ќе содржи најмалку една контроверзна ситница од историјата на британското кралско семејство.

Според „Сан“, претстојната петта сезона ќе го има и интервјуто на Дијана за „Панорама“ со Мартин Башир, каде таа се осврнува на нејзиниот брак и животот во кралското семејство. Во разговорот беа изнесени тврдења кои не одеа во прилог на кралското семејство, а потоа многумина го осудија интервјуто и го обвинија Башир дека интервјуто го обезбедил со измама.

Принцот Вилијам еднаш тврдеше дека Мартин Башир го убедил eрл Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијана, да го запознае со неговата сестра, со цел да обезбеди скандалозно интервју.

– Интервјуто не е веродостојно и никогаш повеќе не треба да се емитува, истакна тој на прашањето во една прилика.

Креаторите на серијата го сметаат интервјуто на Дијана за клучен миг од петата сезона. Според неименуван извор, турбулентниот брак меѓу Чарлс и лејди Ди доведе до нејзино гостување во „Панорама“, а пак, „последиците од таа одлука ги определија нејзините последни месеци“, истакнува познавачот.

Во споменатото интервју, Дијана признава дека имала љубовник, но се осврнала и на врската на Чарлс со неговата сегашна сопруга Камила.

„Во оваа сезона се инвестирани многу пари. ‘Круна’ е позната по тоа што ги истакнува приказните по кои членовите на кралското семејство не сакаат да ги помнат”, додава изворот.

Петата е и претпоследна сезона на „Круна“. Инаку, драмата го следи владеењето на кралицата Елизабета Втора, од самиот почеток, зачинета и со многу познати и непознати мигови од животот на кралското семејство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Нетфликс стигна „Берлин“, што велат фановите

Катерина Ѓуровски

Најгледан акционен филм на Нетфликс во моментов е „Срце од камен“

Предраг Петровиќ

Клеопатра како црнка предизвика хаос: Повици да се блокира Нетфликс во Египет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларни на Нетфликс: 15 најдобро оценети нови филмови

Предраг Петровиќ

Морничава приказна за семејството кое исчезна во една вечер во Франција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларна серија на Нетфликс-64 милиони луѓе ја гледаа новата сезона