Кристофер Меквери ќе го режира новото продолжение на „Невозможна мисија“

Од:

Компаниите „Парамаунт Пикчрс“ и „Скајданс Продакшан“ денеска соопштија дека следното продолжение на филмот „Невозможна мисија“ ќе го режира Кристофер Меквери.


Меквери ќе го режира филмот по сценарио на Дру Пирс, а Том Круз повторно ќе го толкува ликот на Итан Хант.


– Возбуден сум што повторно ќе соработувам со Крис, изјави Круз, кој ја играше главната улога и во претходното остварување на Меквери „Џек Ричер“.


– Го почнав продуцирањето на овие филмови со цел секој пат нов режисер, со сопствена визија, да синими по еден дел. Крис е исклучителен режисер, кој ќе донесе акција од која срцето силно ќе чука, што публиката ширум светот и го очекува од овој бренд, истакна Круз.


Меквери го напиша и сценариото за филмот што допрва треба да се појави во кината – „Edge of Tomorrow“ и за остварувањето „Валкири“ од 2008 година. Во двата филма Круз ја толкува главната улога.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ