Кристи Свонсон во одбрана на Доналд Трамп

Од:

Глумицата Кристи Свонсон застана во одбрана на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, по најавите за дигитално отстранување на неговиот лик од „Дома сам 2“.

„Ако ’Бојкот-култура‘ навистина го отстрани Доналд Трамп од филмот на Џон Хјуз „Дома сам“, тогаш како поддршка на МОЈОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ, би сакала и јас да бидам официјално отстранета од филмовите на Џон Хјуз – ‘Убава во розово’ и ‘Слободиот ден на Ферис Булер’,“ објави на Твитер Свансон, завршувајќи ја пораката со смешко со солзи.

Таа инаку имаше, исто така, куси, камео-улоги во тие два филма. Режисерот и продуцент Џон Хјуз почина 2009 година.

Ѕвездата од „Дома сам 2“, Меколи Калкин ја поддржа идејата да „се исече“ ликот на Трамп од филмот.

Би можело да ве интересира

Тим Мекгро: Семејството пред сѐ!

Ана Ололовска

Гордон Ремзи „во дупка“ од 66 милиони евра поради пандемијата и рестриктивните мерки

Жарко Настоски

Жерар Депардје формално обвинет дека силувал млада актерка, тој негира

Жарко Настоски

Џејмс Ерл Џонс полни 90 години

Ана Ололовска

Селма Хајек е кралица на бикините: најсексапилните изданија на холивудската убавица

Ана Ололовска

Доли Партон одби да биде поставен нејзин споменик

Ана Ололовска