Кристи Бринкли: Ако имате одлични нозе, покажете ги!

Од:

Американската глумица и супермоделка Кристи Бринкли, која е при крајот на своето седмо десетлетие од животот, е светол пример за самодовербата околу своето тело. Таа сака жените да знаат дека треба да се гордеат со тоа како изгледаат, без разлика на возраста.

Моделот никогаш не се двоуми да објави фотографии од себеси во костими за капење на нејзината страница на Инстаграм.

– Ги објавувам овие слики затоа што постојано слушам жени на моја возраст кои велат: „Ви благодарам што го сменивте начинот на кој луѓето размислуваат за бројките“, изјави Бринкли за „Фокс њуз“.

– Наназад во времето, бројките беа „битно“ нешто. Се сеќавам како луѓето мислеа дека по 30-та година, никогаш не треба да ја носите косата пуштена крај рамената или дека скутникот мора да ги покрива колената. Отсекогаш сум сметала дека тие правила се премногу ограничувачки. Секој е различен, секој е единствен. Но, тоа е исто како да ѝ кажете на гимнастичарката дека не може да направи некој потег на одредена возраст. Тоа нема смисла. Ако имаш одлични нозе, покажи ги. Ако имаш нешто во себе што навистина го сакаш, прославувај го тоа. Нека не те контролираат тие бројки!, истакна таа.

Натаму, таа вели дека е „полна со благодарност“, и дека сака да се сосредоточи на броењето на „благословите во животот“.

– Тоа, затоа што штом еднаш почнете да ги сфаќате сите работи во Вашиот живот за кои сте благодарни, тоа нема да е голем „багаж“, нагласува Бринкли.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска