Како би изгледале насловните фотографии на познатите музички албуми за време на КОВИД-19

Од:

Уште со појавата на коронавирусот, Интернетот ни даде секакви смешни твитови и мемиња за да нè расположат низ ова тешко време на домашен карантин и самоизолирање.

Уметниците од Лос Анџелес, Пако Конде и Роберто Фернандез, исто така, предизвикаа добри реакции во американската јавност со нивниот нов забавен проект, каде што тие ги едитираат насловните фотографии на албумите со цел да промовираат социјално дистанцирање помеѓу луѓето.

Во овие познати албуми, популарните пејачи и изведувачи стојат на соодветно растојание едни од други за да промовираат здравје и безбедност за време на пандемијата.

Креаторите ја добиле оваа идеа уште минатата недела кога забележале дека луѓето не го почитуваат потребното растојание во маркетите.

„Сметавме дека ќе биде корисно и лесно за сите да разберат“, вели еден од креаторите за американскиот магазин „Buzzfeed“.

Би можело да ве интересира

Амбасада на САД во Приштина: Оставете ги поделбите, посветете се на епидемијата

А1он

Курц: Нема слободни патувања се додека не се открие вакцина

А1он

Нови 62 заразени и петмина починати од Ковид-19 во Грција

А1он

Пентагон испраќа 1.100 воени лекари во Њујорк

А1он

Преку апликација на мобилните телефони на Кипар ќе се следат контактите на заразените со Ковид-19

А1он

Прв смртен случај од Ковид-19 во Етиопија

А1он