Крцкави вафли

Од:

Убава идеја за вкусен појадок или, пак, неодолив сладок десерт во текот на денот…

Потребно е:
2 јајца
2 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
400 мл млеко
50 мл масло
300 г брашно
1 прашок за печиво

Подготовка:
– Загрејте го апаратот за вафли.

– Сите состојки ставете ги во еден подлабок сад и изматете ги со миксер.

– Од смесата ставете на тостерот, но внимавајте да не се разлее надвор.

– Печете ги 4-5 минути.

– Послужете ги со мед, јаворов сируп, чоколаден крем или некој убав домашен џем. Може да ги сервирате и со сезонско овошје, посипани со шеќер во прав.

Би можело да ве интересира

Ароматичен млад грашок со зачини

Ана Ололовска

Тиквички со пченкарно брашно и кашкавал

Ана Ололовска

Сок од кајсии

Ана Ололовска

Пилешки ролнички

Ана Ололовска

Тирамису со малини

Пиперки полнети со сирење