Кралицата се согласила со одлуката на Хари и Меган

Од:

Британската кралица Елизабета Втора денеска соопшти дека се согласила со желбата на принцот Хари и неговата сопруга Меган да водат независен живот од кралскиот двор и дел од времето да минуваат во Канада.

Кралицата во соопштението наведува дека денешниот состанок на највисоките членови на кралското семејство на приватниот имот Сандригнем бил контруктивен.

Таа додава дека е договорен преоден период во текот на кој војводата и војвотката од Сасекс времето ќе го минуваат во Канада и Велика Британија, пренесуваат американските медиуми.

Кралицата напоменува дека се уште има прашања што треба да се решат, но дека сака со нив да се позанивама во следните денови.

Кралицата Елизабета Втора (93) за денеска го повика својот внук Хари на „кризен состанок“ за да разговараат за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, по изнанадувачката најава на двојката дека сака да се повлечат од кралските должности.

На денешниот состанок на имотот во Норфолк, на истокот од Англија, присуствува и таткото на Хари и наследник на престолот, принцот Чарлс, и неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска