Кралицата Елизабета троши 30.000 фунти за божиќни подароци

Од:

Британската кралица Елизабета за божиќни подароци за семејството и персоналот троши 30.000 фунти.

Кралицата за Божик и за Нова година купува 520 подароци за членовите на кралското семејство и за персоналот, тврди нејзин поранешен соработник за Дејли меил.

Исто така, таа испраќа 750 божиќни честитки на роднини, пријатели, членови на кралското домаќинство и на различни делегации на британскиот Комонвелт, како и на властите на пријателските земји. На честитката вообичаено се наоѓа семејна фотографија.

Персоналот на кралското семејство подароците ги добива две недели пред Божиќ во една од просториите на Бакингемската палата. Тие еден по еден приоѓаат да ги примаат подароците од кралицата која на секого кажува по нешто, а тие и возвраќаат со божиќниот поздрав: Среќен Божиќ!.

Подароците вообичаено се во вид на жетони за книги или мало парче порцелан од палатата, како и божиќен пудинг.

Доколку некој од персоналот не може да присуствува на церемонијата на врачување на подароците, тогаш тие им се праќаат со визит карта од Нејзиното величество и принцот Филип.

Оваа традиција прв ја почна кралот Џорџ Петти.

Би можело да ве интересира

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он

Писма на Чарлс Трети предизвикаа загриженост: „Се меша“ околу влијанието врз министрите на британската влада

А1он

Вилијам и Кејт преку ноќ станаа милијардери: Добија делови од национален парк, терен за крикет и затвор

А1он