Кралицата Елизабета бара коњушар и нуди плата од 25.000 евра

Од:

Кралицата Елизабета бара лице кое ќе се грижи за нејзините коњи, а за оваа работа нуди 25.000 евра месечно, како и бесплатно сместување во Бакингамската палата.

Сè што спаѓа во должностите на кралскиот коњушар, не ги надминува вообичаените обврски кои произлегуваат од оваа професија. Неопходно е коњите да се хранат, чистат и одржуваат.

Сепак, кралицата има намера да избере кандидат кој негува голема љубов кон овие животни, односно изјави дека сака да ангажира личност која ќе ужива во работата, јавија британските медиуми.

Покрај тоа, се бара некој што знае да јава и да управува со кочии. Во огласот се објаснува дека идниот коњушар ќе присуствува на сите церемонии што ќе се одржуваат.

На крајот, кралското семејство истакнува дека бара сигурна личност која е подготвена да стори сé што е потребно за да ги направи коњите да изгледаат што е можно подобро кога ќе бидат изнесени во јавност.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он