Ковид-19 ги измени правилата на Оскарите

Од:

Американската академија за филмски науки, којашто е организатор на доделувањето на наградите Оскар, денеска најави дека, поради престанокот на работа на кината при корона-пандемијата, само филмовите кои се прикажуваат на стрим-платформите ќе бидат во конкуренција за Оскарот следната година.

Досега филмовите можеа да конкурираат за Оскарите под услов – најмалку седум дена прикажување во кино во Лос Анџелес или ширум САД. Но, поради пандемијата на новиот коронавирус, кината не работат, а сите премиери се откажани.

Најголемите американски дистрибутери АМЦ, Регал и Синемарк, соопштија дека не очекуваат повторно отворање на киносалите пред крајот на јуни или почетокот на јули.

Следното доделување на Оскарите е најавено за 28 февруари.

Би можело да ве интересира

Кристи Али: Новите правила за Оскарите се анти-уметнички и диктаторски

Ана Ололовска

Почина познатиот британски режисер Алан Паркер

А1он

Доделувањето на Оскарите следната година е поместено за 25 април

Ана Ололовска

„Џокер“ освои оскар, но и биста

Драган Поповски

Песната „Lose Yourself“ на Еминем повторно на врвот

А1он

Гледаноста на Оскарите најниска во историјата

Ана Ололовска