Корисноста од таблетите против акни поголема од ризикот

Од:

Корисноста од таблетата против акни „диане-35“, која често се употребува и како контрацептивно средство, е поголема од ризикот од создавање тромб во вените, објави денеска Европската медицинска агенција (ЕМА).

Врз основа на барањето од Франција, агенцијата ја проучи нештетноста на овој лек и заклучи дека ризикот од создавање тромб поради негова употреба е „мал“.

ЕМА, сепак, нагласува дека „диане-35“ и нејзината генеричка верзија треба да се користи само кога се покажале како неуспешни сите алтернативни третмани за лекување на средниот и тешкиот облик на акни, како и дека треба да се преземат мерки за најмал можен ризик од згрутчување на крвта.

Исто така, имајќи предвид дека станува збор за хормонско контрацептивно средство, „диане-35“ не треба да се користи во комбинација со некој друг хормонски контрацепт.

„Диане-35“ го произведува германскиот фармацевтски гигант „Баер“. Овој лек е во употреба во повеќе од 100 земји ширум светот и го користат милиони жени.

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Центар ја повлече од дневен ред точката за таблет компјутерите на советниците

А1он

Таблети за ученици од социјално загрозени семејства во Ресен