Конкурс за англиска верзија на химната на Швајцарија, наградата е над 9.000 евра

Од:

Швајцарско здружение нуди награда од 10.000 швајцарски франци (9.140 евра), за оној кој ќе ја напише најдобрата англиска верзија на новата неофицијална химна на Швајцарија.

Композицијата носи наслов „Бел крст на црвено поле”. Се работи за песна која победи на натпревар во 2015 година, но сега често се пее ширум земјата, па се смета за неофицијална нова државна химна на Швајцарија. Освен паричната награда, и името на победникот во конкурсот ќе се најде до текстот на химната, како еден од авторите.

Песната веќе ја има на француски, германски и италијански јазик. Текстот е напишан со цел да го одразува швајцарскиот Устав и мултикултурното современо швајцарско општество.

Организацијата која го организираше натпреварот, наведува дека е време за подновување на стариот текст на „Швајцарскиот псалм” (Schweizerpsalm) кој е стар 170 години.

Би можело да ве интересира

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски

Пензионер од Србија во Швајцарија ја уби сопругата на неговиот внук