Конкурс на НАСА за името на новиот истражувачки ровер

Од:

НАСА во јули испраќа нов истражувачки ровер на Марс, па побара од американските ученици да предложат име за возилото. Децата ширум САД, од оние на предучилишна возраст па се до средношколци, предложија 28.000 имиња, од кои во полуфиналниот избор влегоа 155, а во финалето – девет предлог-имиња.

За нив може да се гласа на интернет-анкетата на НАСА, која е отворена до 27 јануари. Следува списокот називи за кои може да се глас

1) Endurance (Издржливост);
2) Tenacity (Истрајност);
3) Promise (Ветување);
4) Perseverance (Упорност);
5) Vision (Визија);
6) Clarity (Јасност);
7) Ingenuity (Генијалност);
8) Fortitude (Сила);
9) Courage (Храброст).

Резултатите ќе бидат објавени на 15 март. Ученикот предлагач, чие име ќе има најмногу гласови, ќе има прилика да го проследи лансирањето на роверот.

Истражувачкото возило, како што е предвидено, ќе слета на кратерот Језеро, крстен по населба во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало