Концерт во чест на Тоше и промоција на новиот албум „Secret Place“

Од:

Хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, на кој биде промовиран неговиот нов албум „Тајно место“(Secret Place) со нови, досега необјавени песни, ќе биде одржан вечер во ВИП Арена „Борис Трајковски“.

На концертот ќе настапат многу македонски и балкански ѕвезди меѓу кои и Каролина Гочева, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, Александра Јанева, Антониа Гиговска, Огнен Здравковски, Денис Димовски, Александар Тарабунов, Наум Петрески, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Ања Рупел, групата „Фрајле“ и Борис Режак.

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески, на концертот ќе ја изведе песната „We are blood“, што се наоѓа на новиот албум.

Ексклузивно за публиката на концерот ќе бидат прикажани и два спота за две нови композиции од албумот „Secret Place“.

Новиот албум на Тоше е работен во студиото на британскиот продуцент Енди Рајт.
Тоше Проески

– Повеќе од две години Фондацијата макотрпно собирајќи на некој начин дел по дел од наследството што ни го остави големиот Тоше, успеа на едно место да стави 10 музички нумери. Седум се комплетно нови необјавени, додека три се појавуваат како демо-верзии, информира на вчерашната прес-конференција Андреј Николовски, директорот на Фондацијата „Тоше Проески“.

Продуцентот Рајт посочи дека од технички аспект било тешко да се работи на албумот бидејќи снимките од починатиот Тоше Проевски се постари од 10 година, а технологијата секојдневно се модернизира.

Тој се осврна на песната „Secret Place“, како што е и именуван новиот албум, наведувајќи дека во неа се опишува „тајното место“ кое Проески го имал и каде го наоѓал мирот.

Би можело да ве интересира

Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево

Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески

Концерт во чест на Тоше Проески на „Десет дена Крушевска република“

ВИДЕО: Некогашната менаџерка на Тоше, Љиљана Петровиќ, станува српска „кралица на цвеќето“

Жарко Настоски

Во Крушево одбележани 40 години од раѓањето на Тоше

Жарко Настоски

Крушево: Почит, сеќавање и ново спомен обележје за Тоше Проески

А1он