Концерт на „OneRepublic“ во Софија

Од:

Бугарија се претвори во „единствена република“ во музичкиот свет на „OneRepublic“, за време на синоќешниот концерт на оваа група во салата „Арена Армеец“ во Софија.

Како што јави БТА, концертот започна со нумерата „Light It Up“, по што Рајан Тедер, Зак Филкинс, Еди Фишер, Брент Кацел и Дру Брауин изведоа неколку хитови на бендот, меѓу кои и „Secrets“, „What You Wanted“ и „Stop and Stare“.

Една од најдобрите изведби беше онаа на песната „Apologize“, која всушнот и ја прослави групата „OneRepublic“.

Кон крајот на концертот бендот ја изведе нумерата „I Live“, што беше дирекно пренесувано на социјалните мрежи ширум светот.

Концертот заврши со изведба на бис на песните „Love Runs Out“, „What a Wonderful World“ и „If I Lose Myself“ и со ветување на „OneRepublic“ дека ова нема да биде последен настап на групата во Софија.

Настапот на „OneRepublic“ во Софија следеше по концертот на бендот во Скопје.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски