Концерт на Џибони како завршница од овогодишното издаие на фестивалот „All you need is love“

Во ВИП Арената во „Борис Трајковски“ за десетина дена ќе биде одржан голем концерт на Џибони, а покрај него на концерот ќе настапуваат и Влатко Стефановски, заедно со неговото трио, како и „Фанк Шуи“.

Концерот ќе се спроведе како завршница на овогодинешното издание на фестивалот „All you need is love“.

Џибони преку видео-порака порача дека се радува за концертот што ќе го одржи во Скопје.

-Тоа е за мене празник, ете повторно да засвириме Влатко и јас. Ќе ви донесам малку далматинска природа кај вас, посочи Џибони.

Стефановски наведе дека во Скопје сака на најдобар можен начин да ја заокружи оваа концертна сезона со неговото трио, посочувајќи дека во 2018 година одржале над 70 години.

– Се радувам што повторно ќе ги видам Џибони. Секогаш е голема возбуда да се настапува и да се свири со него. Се ближи Нова година, добро би било Скопје малку да се раздвижи и да заборави на секојдневните грижи и проблеми, истакна Стефановски.

Лука Ѓоргиевски од „Фанк Шуи“ посочи дека е огромно задоволство за бендот што ќе учествуваат на концерот, нагласувајќи оти се надеваат дека ќе бидат „на ниво на задачата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Двајцата од „Битлс“ со заеднички настап

Ана Ололовска

ВИДЕО: Music Man, нов сингл на Кирил Џајковски

ВИДЕО: Бугарка го има најмоќниот глас на планетата

Ана Ололовска

Мајли Сајрус на фестивал во Приштина што го организира Дуа Липа

Влатко Стефановски ќе настапи на Д-фест во Дојран

Ана Ололовска

Шест вечери музика на „The Park Festival” во Гостивар

Ана Ололовска