Концерт на Даниела Мартиновиќ во рамки на „Делчевско лето 2019“

Од:

Популарната хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ е изведувачот кој ќе настапи на главната вечер на годинешното „Делчевско лето 2019“.

На прес-конференцијата делчевскиот градоначалник Горан Трајковски ги соопшти имињата и на останатите музичари кои ќе настапат пред концертот на хрватската ѕвезда на 9 август на летната сцена во градскиот парк во Делчево.

– Општина Делчево во соработка со бизнис-секторот годинава организира спектакуларни концерти во рамките на „Делчевско лето 2019“. Ѕвезда на вечерта е хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ чии хитови ги сакаат и млади и повозрасни генерации. Концертите ќе се одржуваат на 9 август кога, освен Мартиновиќ, ќе настапат девојките од „Дикато-бенд“, рок групата „Троја бенд“ и делчевците „The Jokers“, истакна Трајковски.

Традиционално, културните збиднувања започнуваат ноќта спроти верскиот празник Св. Пантелејмон, на 8 август, кога на летната сцена на Голак во партнерство со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, ќе се одржат меѓународните „Голачки фолклорни средби“.

Целта за организацијата на овие концерти како што додаде Трајковски е да се даде нов имиџ на градот, кој ќе раскаже нова приказна за Делчево.

– Како дел од она што минатото лето го договаравме со бизнис-секторот, во рамки на бизнис-форумот „Да ја поддржиме приказната за Делчево“, ги реализираме активностите од областа култура и културни настани, бидејќи тие ја даваат душата на градот. Целта и на Општина Делчево и на претставниците од бизнис- секторот е да им овозможиме на нашите граѓани и на граѓаните од регионот, незаборавна вечер и забава и заедно да испишиме нова традиција, истакна Трајковски.

Очекувањата на Трајковски се дека Делчево на 8 и 9 август ќе биде домаќин на илјадници гости од регионот.

– Мојот апел до сите делчевци е сите заедно да се потрудиме да бидеме добри домаќини и да испишеме нови спомени од градот под Голак, додаде Трајковски на денешната прес-конференција.

Општина Делчево по втор пат организира концерт од поголеми размери. Минатата година концертот на Игор Џамбазов и бендот на Гуру Харе, како и настапот на групата „Шекспир“, го проследија илјадници гости од регионот.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија