Компаниите размислуваат за замена на „ви-фи“ со „5Г“

Од:

Многу компании во Германија сериозно размислуваат за варијантата да ја заменат својата внатрешна „ви-фи“ инфраструктура со затворени „5Г“ мрежи, соопшти „MИT Технолоџи Ривју“.

Меѓу нив е и автомобилскиот гигант „Ауди“, кој веќе тестира такво решение за управување на роботи. Ако тестовите бидат успешни, „Ауди“ најверојатно ќе ги замени сите свои постоечки „ви-фи“ решенија со „5Г“. Други производители на автомобили како „БМВ“, „Дајмлер“ и „Фолксваген“ исто така пројавуваат сериозен интерес за новите можности.

Според „MИT Технолоџи Ривју“ такви проекти имаат и голем број на компании од други индустрии, а во Германија има дури национална иницијатива наречена „Индустри 4.0“, која треба да стимулира слични решенија. Доаѓањето на приватните „5Г“ мрежи пак ќе обезбеди бум за производителите на комуникациска опрема и компаниите кои управуваат со слични мрежи.

Според истражувањето, пазарот за такви услуги ќе генерира 365 милијарди долари во текот на следните 10 години. На краток рок, најголемо ограничување за помалите компании ќе бидат трошоците за изградба и одржување. Друг потенцијален проблем е недостигот на доволно слободни фреквенции за приватните мрежи, што би можело да им направи проблеми и на најголемите компании.

Би можело да ве интересира

Википедија – диносаурусот на некомерцијалниот интернет, одбележува 20-годишнина

Ана Ололовска

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г

Ана Ололовска

Компанијата VIVACOM на United Group меѓу најбрзо растечките провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот

Жарко Настоски

Германија ќе дозволи Хуавеј да учествува во изградбата на 5Г мрежата

Ана Ололовска

Кинеските Г6 мрежи – реалност или прпаганден трик

Ана Ололовска

Пристап на интернет имаат 79,9 отсто од домаќинствата во државава

Катерина Павлова-Николовска