Колку заработуваат порно ѕвездите?

Од:

Дерек Хеј, основач на ЛА Дајрект Moделс, агенција којашто застапува голем дел од попознатите порно глумци и глумици за „Индепендент“ открива зошто тие влегуваат во порно-индустријата, колку заработуваат и од што тоа зависи…

Имено, тој вели дека хонорарот зависи од тоа што се се подготвени глумците да направат пред камера. Стандардна сцена, која вклучува еден маж и една жена, чини околу 1000 долари. Доколку пак, сценариото вклучува само две дами, цената е малку пониска – 700 или 800 долари. Тарифите варираат и до 20 отсто, ако се работи за некој од попознатите актери и агентите успеат да им ја покачат цената.

За оние понеобичните сцени, сумата е значително повисока.

– Ако една девојка се согласи да биде снимена со неколку партнери или во некаков „не така традиционален“ акт, ќе добие и повеќе пари. Тука тарифите се движат меѓу 2.000 и 6.000 долари за една сцена. Многу ретко се случува некој да плати повеќе од 6000, вели Хеј.

Според него, заработката зависи и од надворешниот изглед на глумците, како и од агенциите кои ги застапуваат.

– Ѕвездите од порно филмовите не се дотолку богати, колку што луѓето си мислат. Дури и најпознатите ѕвезди не заработуваат повеќе од половина милион долари за една година, додава агентот.

Би можело да ве интересира

Вирус ја активира камерата на компјутерот додека гледате порно

А1он

Порно ѕвездата Миа Калифа со видео по повод 11-те милиони следачи

Ана Ололовска

Снимен првиот порно филм со женски робот

Ана Ололовска

Американската порно идустрија стравува од забрана

Ана Ололовска

Роко Сифреди отвори порнографска академија

Ана Ололовска

Што работат денес некогаш најпознатите порно актерки?

А1он