Дани Бун e најскапиот француски актер, кој за снимање на еден филм бара 2,5 милиони евра.
Неговиот хонорар е уште поголем кога е автор на сценариото и режисер на филмот. Имено за филмот „Ништо за пријавување“ во 2011 година тој заработил 7,5 милиони евра, јавува дописникот на МИА од Париз.
Втор по големината на хонорарот е Жан Дижардан, главната улога во „Уметникот“, кој за еден филм бара 23 милиони евра, но тој е поскромен ако филмот е со помал буџет.
Франсоа Клузе, охрабрен со успехот во филмот „Недопирливи“ за кој доби хонорар од три милиони евра, сега барал по еден милион за улога во филм. Слична била цената и на Жерар Депардје, Кад Мерад, Франк Дибоск, Џамел Дебуз, Фабрис Лучини, Гијом Кане, Кристијан Клавие, Жил Лелуш и Вансан Касел, кои бараат од 800.000 до еден милион евра за филм.
Кај француските актерки најплатени се Марион Котијар и Софи Марсо кои за еден филм бараат по еден милион евра, Беренис Бежо 800.000 евра, а Кетрин Денев околу 600.000 евра.