Кога треба да се запре со тренингот?

Од:

Кога вежбаат, луѓето многу често и не знаат кога, всушност, треба да прекинат со тренингот, за да извлечат најдоброто од него. Клучот е во тоа да се направи доволно за да се одржи телото прилагодено, но не и да го истрошите или повредите.

Има многу малку истражувања коишто покажуваат колку користењето на Вашата максимална сила за време на секоја тренинг-сесија е корисно, всушност, а има многу повеќе што објаснува зошто тоа е контрапродуктивно. На некој начин, ова всушност ги отежнува работите. Каде точно е границата?

Следејќи го структурираниот план за вежбање, помала е веројатноста да го доведете во прашање целиот тренинг. Прецизно поставување на планот за вежбање според Вашите сопствени способности ќе резултира со тоа што нема да се грижите за крајот на тренингот. Секоја добра програма треба да биде доволно предизвикувачка, без „да ве врзува за подот“. Друго нешто што е важно е дека повеќе време минато на тренинг не значи подобри резултати и поголема сила. Добар тренинг може да се направи и во 30 минути.

Всушност, еден неодамнешен труд на американскиот Национален здравствен институт, посочува дека помалку од 45 минути вежбање неделно доведува до „значително зголемување на силата и издржливоста“.

Според тоа, три неделни сесии од 13 минути во период од осум недели доведува до „резултати слични на оние постигнати со многу поголема посветеност на времето“. Истражувачите забележуваат дека подолгото тренирање води до поголем раст на мускулите, но важно е дека не се препорачуваат вежби со висок интензитет подолги од 90 минути – особено без храна.

Ако сметате дека можете да направите повеќе вежби, се препорачува да направите уште една или две сесии, но не повеќе од тоа. Ова го турка Вашето тело и мускулите надвор од удобната зона и постепено ги преоптоварува, иако можеби Вие не би почувствувале замор.

Доколку мислите дека не можете да завршите повеќе вежби по првите неколку сложени движења, најверојатно веќе сте ги преоптовариле. Ако пак, ја завршите вежбата со чувство дека вашето тело всушност може да направи многу повеќе, можеби треба да се обидете да се приближите до оние 80 насто од личниот максимум, но да не се оди „до крај“.

Би можело да ве интересира

Две шолји кафе дневно нѐ оддалечуваат од Алцхајмеровата болест

Ана Ололовска

Придобивки од киселата зелка зиме

Ана Ололовска

Истражување: Газираните сокови се штетни за црниот дроб

Ана Ололовска

Спиењето на грб е најкорисно за телото

Ана Ололовска

Штетите од шампонот со поминат рок

Ана Ололовска

Истражување: Овошјето и зеленчукот корисни за мозокот кај тинејџерите

Ана Ололовска