Супермоделот Алесандра Амброзио во моментов ужива во семеен одмор во Мексико, а дека и понатаму има одлична форма покажа на плажа.
37-годишната Алесандра две децении беше еден од ангелите на Викторија, но и понатаму е една од најзгодните манекенки на светот.
Освен рамниот стомак и стомачните мускули, како и затегнатото и витко тело, Алесандра на инстаграм го покажа и задникот во танга бикини.
Иако пред неполна година таа отиде во пензија, оваа згодна Бразилка уште долго ќе ги радува мажите со својата појава, а со оглед на тоа дека поголемиот дел од времето го поминува на плажа, нема да има недостиг на вакви слики.