Компанијата „Doolittles“ создаде совршена органска форма на конструкција на куќа, која одлично се камуфлира во своето природно опкружување и поради убавиот стил заслужува да биде осветлена со рефлектори и истакната во некои огромен изложбен хангар.
Куќата претставува нешто што сигурно до сега не е видено дури и во најфантастичните филмови.
Куќата е направена од ребраста структура на кавез, вешто скриена во камен на простор од десет хектари и е во сопственост на брачната уметничка двојка Беверли и Џеј и сопственик на студиото „Doolittles“.
Изградбата на куќата почнала во 1988 година, а официјално е завршена во 1993 година, За изградбата се користени бетонски челик, стакло и бакар. Конструкцијата има 26 столбови кои излегуваат од покривот и наликуваат на големи крила. Формата на антена дава ребраст изглед.