Клинт Иствуд го прослави 90. роденден

Од:

Легендарниот американски глумец, режисер, продуцент и филмски композитор Клинт Иствуд вчера го прослави својот 90-ти роденден.

Роден во Сан Франциско на 31 мај 1930 година, Иствуд почнал да ја гради својата впечатлива кариера во филмската индустрија во 1960-тите и 70-тите години, играјќи прво во италијанските т.н. шпагети вестерн-филмови на Серџо Леоне. А белег остави и улогата на тврдоглавиот американски полицаец Хери Калахан во филмот „Валканиот Хари”.

Во својата богата кариера играше во голем број реномирани воени, криминалистички и драмски проекти. Својата режисерска кариера ја почна 1971 година со филмот „Морничава ноќ“ (Play Misty for Me).

Иствуд е номиниран за осум Оскари за режија и продукција, освојувајќи ја статуетката за филмовите „Непростено“ и „Девојка од милион долари“.Тој беше и двапати номиниран за Оскар за најдобар глумец (во двата филма), но не го доби. Други позабележителни филмови се „Мистична река“ и „Писмата од Иво Џима“.

Иствуд е носител и на највисокото француско граѓанско одликување – Легијата на честа. Голем обожавател е на џезот, а кон крајот на 1980-тите, како независен кандидат, беше избран за градоначалник на гратчето Кармел-Бај-д-Си, во округот Монтереј, Калифорнија, САД.

Би можело да ве интересира

Кетрин Зета-Џонс со нова линија тренди-производи

Ана Ололовска

Монета во чест на сер Елтон Џон

Ана Ололовска

Почина глумецот Ник Кордеро

Ана Ололовска

Анџелина Џоли и Бред Пит повторно во добри односи

Ана Ололовска

Бекинсејл: Излегувам со помлади момчиња за да ве нервирам

Ана Ололовска

Отфрлена жалбата против пресудата за случајот на Џефри Раш

Ана Ололовска