Ќерката на Брус Ли се скара со Тарантино

Од:

Ќерката на легендарната филмска ѕвезда Брус Ли, Шенон, влезе во расправија со режисерот Квентин Тарантино поради несоодветнo прикажаниот лик на нејзиниот татко во најновиот филм на Тарантино.

Според неа во својот последен филм, „Беше еднаш во Холивуд“, режисерот создал вообразен и горд лик на Брус Ли кој наликува на човек со „заостанат“ карактер.

-Тој не беше таков и никогаш никого не задевал ниту пак говорел во надмен тон, изјави Шенон за списанието „Вараети“.

Критики доаѓаат и од поранешни соработници на Ли. На пример, се укажува дека карате ѕвездата никогаш не говорела дека може да го „скрши“ боксерот Мухамед Али, туку напротив, им давал совети на своите ученици да користат движења од боксерите како него.

Тарантино до завчера беше во посета на Москва на руската премиера на својот филм, каде прашан од новинарите призна дека навистина дал малку поекспресивен лик за Брус Ли, но дека во целина манирот на арогантното поведение е предадено верно, бидејќи самиот го знае и го слушал карате мајсторот.

На ова, Шенон одговори дека режисерот треба да „замолкне“ и да се извини, јави „Вараети“.

-Тој треба да признае дека лаже во филмот, а не за реалните луѓе да предава блескави филмски ликови.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето