Кортни Лав планира да сними филм за животот нејзиниот починат сопруг, Курт Кобејн, пејачот на Нирвана, кој изврши самоубиство во 1994-тата година.
Сем Лутфи, нејзин соработник, рече: Во моментов се работи на можен филм или Бродвеј мјузикл врз основа на групата Нирвана, животот на Кортни Лав и Курт Кобејн”.
Извор близок до 48-годишната Кортни ги потврди плановите за филм за New York Daily News: Таа зборува за правење на филм или претстава за нејзиниот живот со Курт, веќе подолго време.
„Сон и е конечно да ја раскаже нејзината страна на приказната.
– Сепак досега ништо не е материјализирано, тоа се само идеи на Кортни и таа никогаш ништо сериозно не направи по тоа прашање“.
Кортни се појавува како актерка во филмот „The People Vs Larry Flynt” во 1996. година, „200 Cigarettes” во 1999. и „Straight to Hell Returns“ во 2010-та година.