По турнејата низ Јужна Америка следната година, членовите на групата „Ролинг Стоунс“ дефинитивно имаат план да влезат во студио и да снимат нов албум, најави гитаристот на бендот Кит Ричардс.
Гостувајќи на њујоршкото Ајконс радио, Ричардс најави дека бендот ќе снима прв студиски албум по „А Bigger Bang“ од 2005 година.
Гитаристот на „Ролунг Стоунс“, чиј нов соло албум „Crosseyed Heart“ ќе се појави утре, појасни дека минатата недела имал средба со Мик Џегер, Чарли Вотсон и Рони Вуд и дека се договориле да почнат со снимање на новиот албум по завршуваето на јужноамериканската турнеја.
Бендот, кој ова лето ја заврши турнејата низ Северна Америка, на почетокот на 2016 година ќе почне со одржувае концерти во Јужна Америка.