Кинезите гласаат за најгрди нови изградби

Од:

Изминатите 11 години, интернет-страницата archcy.com организира натпревар за најгрдите изградби во Кина, којшто благодарение на експериментите на домашните и меѓународните архитекти, постигнува солидна популарност. Оваа година се натпреваруваат 87 згради, меѓу кои и верски храм со изглед на виолина и хотели во облик на „џиновски бабушки“.

Кина со години е „експериментална почва“ за архитектите… Така, во Пекинг имаме зграда на национална телевизија, дизајнирана од холандскиот архитект Рем Кулхас, која Кинезите на шега ја нарекуваат „големите панталони“, бидејќи изгледа како нозе.

Меѓу овогодишните „натпреварувачи“ се и стаклениот мост „Добредојдовте во пеколот“, кој поврзува две планини во Сечуан со по две масивни статуи на луѓе во традиционална облека на краевите, огромна порта во паркот Јунан која наликува на Триумфалната порта во Париз… Во недовршениот тематски парк Хебеи, пак, друга зграда „ги меша“ истокот и западот, така што едната половина личи на кинески храм, а другата – на американскиот Капитол хил.

Според организаторот, целта на натпреварот е да се поттикне општествената одговорност на архитектите.

Националната комисија за развој и реформи во април забрани изградба на „грди згради“. Ова не е првпат властите да се обидат да донесат „правилник“ за тоа како треба да изгледаат зградите во Кина. Лани се издаде и документ којшто објаснува како да се зајакне архитектурата во кинеските градови, што ги исклучува „големите згради со чуден стил кои се губиток на ресурси“.

Меѓу другите, студенти од престижниот Универзитет Жеџијанг во источна Кина се пожалија на огромната јужна порта на установата, изградена со помош од поранешни студенти. Портата се состои од шест столба и пет лакови. Студентите велат дека таа не одговара на намената и ја предложија да биде „најгрдото“ архитектонско достигнување годинава. Портата досега собра 8.739 гласа и засега се наоѓа на врвот на годинашната листа најгрди зданија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прошетка „низ воздухот“ во Њујорк

Ана Ололовска

Лондонскиот новогодишен огномет откажан вторпат по ред

Ана Ололовска

Статуата на Христос спасителот ја слави 90-годишнината

Ана Ололовска

Французин тргна пеш на пат околу светот

Ана Ололовска

Хвар прогласен за најубав остров во Европа

Ана Ололовска

„Велт“ со репортажа за пеликаните на Преспанското Езеро

Ана Ололовска