КФЦ го укина слоганот „Прсти да излижеш“ поради пандемијата

Од:

Познатиот американски синџир ресторани „Кентаки фрајд чикен“ (КФЦ) привремено ќе го повлече долгогодишниот слоган „Добро е, прсти да излижеш“, затоа што утврдиле оти тој е несоодветен во време на пандемијата на коронавирусот. Отсега тоа ќе гласи само: „Добро е“.

Раководството на оваа американска компанија смета дека тоа треба да придонесе во борбата против пандемијата, во којашто личната хигиена е приоритет.

„Додека ни кажуваат од сите страни дека мора да носиме заштитни маски и да ги миеме рацете често, додека здравствените работници препорачуваат да не го допираме лицето, раководството на КФЦ одлучи дека овој стар, добро познат слоган веќе не звучи како што треба“, се истакнува во известувањето.

Слоганот, којшто Џем Брендс – сопственикот на брендот, го користи цели 64 години, ќе биде повлечен в понеделник низ целиот свет и ќе се користи повторно дури кога за тоа ќе дојде време, нагласуваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов