„Керинг“ ќе го забрани крзното

Од:

Луксузниот моден конгломерат „Керинг“ објави дека ќе ја исфрли употребата на вистинско крзно од животни во сите свои компании до есента 2022 година. „Керинг“, инаку е сопственик на брендовите „Гучи“, „Ив Сан Лоран“, „Александар Меквин“ и „Баленсијага“.

– Дојде време. Светот се промени, заедно со нашите клиенти, па луксузот мора да се прилагоди на тоа. Кога станува збор за благосостојбата на животните, нашата група секогаш покажува подготвеност да ги подобри практиките во синџирот на снабдување и во луксузниот сектор воопшто, рече извршниот директор на „Керинг“, Франсоа-Анри Пино.

Во 2017 година, брендот „Гучи“ се обврза да го исфрли крзното од производството, нагласувајќи ја општествената одговорност како една од основните вредности на брендот.

Активисти на ПЕТА протестираа пред продавницата „Ив Сан Лоран“ во Париз на 10 март годинава, со цел да се запре употребата на крзно.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска