Каролина специјална гостинка на концертот на Дуке Бојаџиев во „Карнеги хол“

Од:

Најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева, по покана од македонскиот композитор и пијанист со светско реноме Дуке Бојаџиев, ќе биде специјална гостинка на неговиот концерт заедно со камерниот оркестар на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 8-ми октомври во една од најпрестижните концертни сали во светот, „Карнеги хол“ во Њујорк.

Karolina

На концертот во овој музички центар каде настапуваат едни од најврвните репродуктивни уметници од целиот свет, премиерно пред американската публика ќе прозвучи најновата песна на Каролина со наслов „Зборови немам“, каде комплетен автор е токму Дуке Бојаџиев. Песната „Зборови немам“ е снимена и продуцирана во музичкото студио „Гаеа“ во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во студиото „Марифет“ во Скопје.

Најновата песна на Каролина и Дуке доживеа македонска премиера минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски