Џејареј Ведивило, професор на Универзитетот Конектикат во САД, направи онлајн калкулатор со кој се пресметува уште колку здрави години ви преостануваат.
Пресметката е едноставна, а се што е потребно е да се внесат бараните податоци – пол, години, тежина, висина, едукација, висина на приходи, вид на прехрана, колку спиете, колку вежбате, историјат на возење автомобил. Потоа дали пушите, дали имате дијабетис тип 2, дали конзумирате алкохол и какво ви е сегашното здравје.
На пример, здрав маж, на возраст од 60 години, кој редовно вежба, здраво се храни, има здрав индекс на телесна маса и спие најмалку осум часа, се прогнозираат уште 13 години здрав и квалитетен живот.
Телесната тежина и висина ќе мора да се претвори од килограми и центиметри во стапки и фунти на следниот линк, а потоа овде, пресметајте уште колку здрави години ви преостануваат.