Калиопи влезе во финале!

Од:

Македонската дива Калиопи ги исполни срцата на македонските фанови на Евровизија. По долга пауза Македонија го најде своето место меѓу финалистите на Евросонг. Можеби досега најмоќниот настап на Македонија на ова натпреварување обезбеди билет за големото евровизиско финале. Нашето плико беше извлечено 6-то.

Калиопи плени со извонредно моќната вокална изведба. Македонската дива во црниот Армани костум одеше на едноставен сценски настап, но секако во прв план ги стави своите вокални способности. Иако на моменти добрите познавачи на изведбата на Калиопи но и обичните гледачи препознаа мала трема во нејзиниот глас, сепак тоа не ја попречи да даде се од себе и да покаже еден од најенергичните настап кои Македонија ги имала на евровизиската сцена.

Пофалбите не стивнуваа. Калиопи ги доби највисоките критики и од официјалните водители на ЕБУ. Меѓу најголемите поддржувачи на Калиопи беше и водителот на Хрватската радио телевизија, на кој буквално му снема зборови за пофалба. Меѓу другото се потенцираше дека Калиопи соработувла со Стинг и Един Карамазов и дека е најголемата македонска и но и екс – ју ѕвезда.

Литванија, Босна и Херцеговина, Србија, Украина, Шведска, Македонија, Норвешка, Естонија, Малта и Турција.

Со имињата на овие земји се комплементира списокот на земји кои в сабота ќе се натпреваруваат на 57-то издание на песна за Евровизија.

На овие земји и оние кои во вторникот си обезбедија билет за големото финале им се приклучува земјата домаќин Азербејџан, минатогодишниот победник и земјите од големата петорка Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија и Германија

Втората полуфинална вечер започна со сликата на Баку и како изгледа главниот град на Азербејџан навечер – домаќините Елдар, Лејла, Наргриз им посакаа добредојде на илјадниците гледачи во втората полуфинална вечер.

Втората евровизиска вечер ја отвори српскиот претставник Жељко Јоксимовиќ. Беше водител на Евросонг, но и претставник на Србија на оваа натпреварување. Важи за еден од најголемите фаворити, но ќе почекаме до сабота да видиме што ќе направи српскиот претставник.

Малта покажа малку денс ритам, малку ди џеј и доби виза за во финалето, а таму ќе ги чека и Естонија со баладата Кула или во превод „Слушај“.

Марин и Еуфорија кои важеа за еден од најголемите фаворити ја однесоа Шведска во финалето. И навистина уште со првите ноти од нејзината денс нумера преполната Кристална арена беше на нозе.

Украина, беше земјата која најде решение како да ги надмине правилата на ЕБУ, кои предвидуваат дека само 6 учесници можат да бидат на евровизиската сцена. Со видео бим ги надминаа проблемите и зад Хитана, една од најголемите ѕвезди во Украина, играа безброј млади луѓе. Иако долго се зборуваше дека нејзината песна е плагијат на Дејвид Гета, сепак тоа не ја попрeчи оваа нумера да се најде меѓу финалистите. А меѓу најсреќните десет се најде и Турција и веселиот Кан Бономо водител, продуцент, пејач.

Иако беше прогласувана за една од оние кои тешко ќе дојдат до финале, Маја Сар од Босна и нејзиното пијано најдоа своето место на натпреварувањето в сабота. Беше последен меѓу настапувачите, прв меѓу извлечените Литванскиот Мајкл Џексон.

Меѓу оние кои не влегоа беше и Индијанката од Холандија, малку кантри пеење, малку јодлување. Џоан и “Ти и јас„ и песната за детската љубов и играњето каубојци и индијанци, Белорусија и тинејџ поп ала бекстрит бојс со кој порачаа ние сме победници и веруваме.

Но се излажаа. Португалија и пеачката со балада на мајчин јазик. Бугарката Софи Маринова која на 11 јазици ни пренесе како е некој силно да се сака.

Земјата која се чини нема среќа со влез во финале, ниту оваа година со поп- фолк звездата, не обезбеди место за големото случување в сабота. Словенија е исто така земја која немаше многу среќа на евровизиската сцена.

Оваа година Ева Ботон. Со 16 години најмладата учесничка на евросонг. Хрватска имаше вокално добар настап, но баладата испеана на хрватски не помина кај европската публика . Грузија секогаш си обезбедуваше влез во финалето благодарејќи на гласовите од своите соседи, но оваа година не се посреќи.

http://www.youtube.com/watch?v=0BYe-I0rmYg

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Europe Shine a Light” наместо откажаното финале на „Евросонг“

А1он

Коронавирусот ја одложи и Евровизија

А1он

ВИДЕО: Објавена македонската песна за настапот на „Евровизија“

А1он

Васил Гарванлиев со песната „You“ е овогодинешниот македонски претставник на Евровизија

А1он

Ротердам домаќин на 65. Песна на Евровизија

Ана Ололовска

Косово одбиено да учествува на Евровизија

Ана Ололовска

3 comments

ivan 24/05/2012 - 23:20 at 23:20

posle 4 godini cekanje za vlez vo finale konecno godinava se dojde do finale da se vleze

pozdrav i srekno vo finale

Reply
mik 24/05/2012 - 23:38 at 23:38

Bravo Kaliopi prekrasna izvedba veruvav vo tebe

Reply
аце 25/05/2012 - 01:01 at 01:01

Браво за Калиопи, моќна изведба и одлични перфоманси!

Господа од А1on немојте по старо да ја продолжувате, при снимки од МТВ вие давате ХРТ :@

Reply

Leave a Comment

18 − six =