Калиопи одржа акустичен концерт во Белград

Од:

Поп-дивата Калиопи вчеравечер во белградскиот „Коларац“ одржа двочасовен акустичен концерт. Таа пред српската публика испеа дел од своите најголеми хитови, стари македонски песни, омилената песна на нејзиниот син Пако „Мрвица“, но и џез верзија на песната „Април у Београду“.

На концертот Калиопи призна дека од сите песни најмногу ѝ значи „Знам да те волим“, која ѝ задава најмногу мака да ја испее. Во текот на настапот на присутните им раскажуваше куси приказни, ја забавуваше и насмеваше публиката, а неколкупати му се заблагодари на Ромео Грил за соработката и прекрасните песни што ги прави за неа. Публиката ја врати на бис, а Калиопи ги испеа „Црно и бело“ и „Бато“.

„Песните ги испеав, ама не сум сигурна дали го сонував ова или е јаве. Ќе почекам да ми се средат впечатоците кога ќе се вратам во Скопје. Ова беше посебна ноќ, посебни луѓе дојдоа да го слушнат тоа што го подготвивме со мојот тим. На крајот сфаќам дека иако го наполнивме нашиот куфер со љубов, тој е сепак мал за да го собере сето она што го доживеавме вечерва“, изјави по концертот Клиопи за „Репортер“.

Таа додаде дека нема зборови со кои би ги опишала емоциите во тој миг.

„Работев различен тип на концерти, а публиката се прилагодуваше на просторот и песните што ги пеев. Тоа ми е најубаво и најфасцинантно на секој концерт. А тоа го почувствував и вечерва во Белград“, рече Калиопи.

На концертот во „Коларац“ беше и фан на пејачката од Австралија кој студира во Белград и кој оди на сите нејзини концерти во регионот.

Би можело да ве интересира

Лажната вест дека Калиопи починала го вознемири регионот, се јави и пејачката

Предраг Петровиќ

Калиопи: Ова е најтажниот ден во мојата кариера

Трагедија на концерт на Калиопи во Белград: Жена почина во салата

Катерина Ѓуровски

Концерт на Калиопи во Велешкиот театар

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

Руска верзија на „Црно и бело“ – Калиопи

Ана Ололовска