Како да го заштитите вашиот дом, работното место и себеси од коронавирусот

Од:

Помина еден месец откако во Кина се создаде најголемиот карантин во човековата историја, со повеќе од 700 милиони луѓе „заробени“, во обид да се стави под контрола коронавирусот.

Но, вирусот сега брзо се шири во другите земји, вклучително и во Јужна Кореја и Италија.

Во вторникот, федералните власти во САД рекоа не е важно ДАЛИ коронавирусот ќе започне да се шири во американските заедници, туку КОГА.

Сан Франциско прогласи вонредна состојба. Никој ништо не знае, се уште колку може лошо да стане.

Но еве како луѓето и компаниите би можеле да направат нешто за да се подготват и заштита од вирусот.

Најпрвин, обезбедете дополнителна конзервирана храна, во случаи на карантин.

Светските власти во светот препорачуваат обезбедување на прехранбени залихи за период од две недели.

Тие вакви препораки даваат од две причини: вие можете да бидете затворени во вашиот дом со совет да избегнувате контакт со другите (доколку се разболите) и постои ризик да се прекине привремено снабдувањето на храна.

Истите правила на подготвеност важат за било каква катастрофа доколку би се случила во иднина.

Слично на тоа, ако пиете некакви лекови, обезбедете ги за подолг период, лекарите препорачуваат од дополнителна недела до месец дена да ги имате потребните лекови.

Доколку сте дијабетичар или земате апчиња за крвен притисок и дишете преку инхалатор поради астма, задолжително проверете дали имате дополнително седмично снабдување со тоа, вели д-р Ајзенман.

Компаниите треба да бидат подготвени за можноста вработените да работат одвоени едни со други каде што е тоа можно.

„Секогаш постои можност службените лица во јавното здравство во кој било број на заедници да препорачаат чекори за да го направат она што ние го нарекуваме социјална изолација, со што се намалува мешањето на луѓето во заедницата“, вели докторот.

Затоа треба да бидеме подготвени, тоа може да се случи во секоја заедница.

Раководителите треба да создадат смени кои би направиле работниците да имаат помал контакт едни со другим а состаноците да се случуваат преку социјалните мрежи.

Големите конференции и меѓународните патувања можеби ќе треба да бидат презакажани или целосно откажани на определено време (како што тоа го стои Светскиот мобилен конгрес).

Работниците треба да останат дома доколку не се чувствуваат добро, тоа не треба да влијае негативно на нивната кариера.

Секој од нас треба да примени одредени чекори за да се заштитат, а со тоа и да го спречат ширењето на коронавирусот.

Често миење на рацете, избегнување на блиски контакти со болни луѓе, здрава исхрана и доволно спиење се мерките за најдобра превенција.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски