Како брзо и ефикасно да го намалите крвниот притисок

Од:

Високиот крвен притисок не е само болест на повозрасната популација. Над една третина од младите на возраст од 16 до 34 години страдаат од некој облик на хипертензија.

Неодамнешно истражување открило дека оваа болест може и во својот благ облик да доведе до прерано стареење и оштетување на мозокот.

Конвенционалното решение за оваа се пораширена „епидемија“ е континуирано земање лекови за контролирање на крвниот притисок како што се блокатори на ангиотензиски рецептори, за кои се сомнева дека го зголемуваат ризикот од рак и некои други болести.

Меѓутоа, постојат и алтернативни начини за намалување на притисокот.

Следните шест природни средства ќе ви овозможат да го држите притисокот под контрола.

Сирови бадеми

Со секојдневен внес на еден грст сирови бадеми можете да направите значителна разлика во одржување на нивото на вашиот крвен притисок. Тие се клучна компонента за запирање на хипертензијата бидејќи се богати со незаситени масти кои помагаат при намалување на нивото на холестерол во крвта, ублажување на воспалението на артерии и го намалуваат крвниот притисок.

Лута пиперка

Red Pepper

Лутата пиперка е несомнено една од најбрзите средства за намалување на крвниот притисок. Оваа намирница ги шири крвните садови и помага на слободниот проток на крв, како резулат на што се намалува крвниот притисок.

Промешајте една или две кафени лажички лута пиперка во топла вода со мед и алое вера и ќе добиете моќен домашен лек против хипертензија. Ако овој напиток е премногу жесток за вашиот вкус, земањето лута пиперка во облик на додаток во исхраната е уште една одлична опција за природни намалување на крвниот притисок.

Сок од косос

kokos

Богат со калиум, електролити и други важни нутритиенти, сокот од кокос докажано помага при значајно намалување на крвниот притисок кај многу луѓе кои го пијат.

Неодамнешното истражување утврдило дека земањето сок од кокос довело до значително намалување на крвниот систолички притисок кај 71 отсто испитаници, додека 29 отсто постигнале значително намалување на дијастоличкиот притисок.

Какао

kakao-prav

Какаото, богато со флавоноиди и другите противвоспалителни нутритиенти, е уште едно прехранбено оружје против хипертензија.

Флавоноидите во какаото делуваат како адаптогени, му помагаат на телото подобро да се справи со стресот, честиот причинител за хипертензија. Какаото помага и во намалување на хормоните на стресот, кои имаат клучна улога во регулирање на крвниот притисок.

Бројни студии открија дека флавоноидите во какаото доведуваат до намалување на крвниот притисок од 4.7/2.8 mmHg и штитат од срцеви заболувања кои често се доведуваат во врска со високиот крвен притисок.

Куркума

kurkuma

Една од познатите прехранбени предности на куркумата се однесува на нејзината способност за намалување на воспалението во целото тело. Бидејќи воспалението е примарна причина за висок холестерол и висок крвен притисок, со намалување на воспалението, куркумата помага за подобрување на кардиваскуларните функции и одржување на здрав проток на крвта. Куркумата е исто така природен разредувач на крвта.

Лук

lukce

Истражувањето спроведено во 2010 година во Австралија докажа дека лукот е уште еден природен лек кој го намалува холестеролот и високиот крвен притисок.

Ако сакате да го избегнете непријатниот мирис кој го предизвикува конзумацијата на свеж лук, послужете се со додатоци во исхраната со лук во облик на таблети или капсули.

МИА

Би можело да ве интересира

Разгледувајќи семејни слики, забележала дека бебето има смртоносна болест

Ана Ололовска

Познатиот лекар Мозли измисли диета – за три недели се губат 10 килограми

Татјана Ташкова

Политиката влијае на психо-физичкото здравје

Ана Ололовска

Соковите со малку шеќер подобро го хидрираат телото отколку водата

Ана Ололовска

Стресот во бременоста предизвикува растројство кај детето

Ана Ололовска

Прехранбената индустрија во ЕУ останува солидна

Leave a Comment

twelve + sixteen =