Јужнокорејска диета со црн ориз

Од:

Јужнокорејски научници препорачуваат црн ориз во борбата против вишокот килограми и спречување на дебелеењето.

Стручните лица спровеле испитувања врз експериментални глувци со тежина поголема од вообичаената, кои ги хранеле со црн ориз. Притоа, заклучоците велат дека црниот ориз ги намалува акумулираните липиди во црниот дроб и масното ткиво, како и нивото на холестерол.

Истражувачите, исто така, нагласуваат дека црниот ориз содржи повеќе антиоксиданти, протеини, влакна и помалку шеќер во споредба со белиот ориз. Покрај тоа, црниот ориз има понизок гликемичен индекс – само 42,3, додека, пак, за белиот, овој показател изнесува 64.

Сѐ ова го прави црниот ориз целосно диететски производ кој заситува, не дебелее и не ни штети по здравјето.

Би можело да ве интересира

Диети препорачани од СЗО

Ана Ололовска

Викенд диета

Татјана Ташкова

Скоро две милијарди возрасни луѓе во светот страдаат од прекумерна тежина

Ана Ололовска

Има 210 килограми, а луѓето ѝ плаќаат да јаде во живо

Сандра Бошковска

Трансформација за 30 дена: Купуваше облека XXXL, а потоа одеднаш се појави во фустан величина S…

Ана Ололовска

Зелен ден: Секој понеделник без риба и месо во Франција

Ана Ололовска