Јужна Кореја ќе вложи милијарди долари во возила на водород

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин соопшти дека државата планира да вложи 1,8 милијарди долари во развој и производство на самоуправувачки возила и еколошки автомобили што ќе се движат на погон со водородни горива.

– Во иднина нема да мораме повеќе да бараме идеи од други. Конечно имаме прилика да станеме лидер во светската автомобилска индустрија и, треба да ја искористиме, рече Мун при посетата на истражувачкиот центар на Хјундаи.

Како пример за јужнокорејскиот раст во областа на самоуправувачки и еколошки чисти автомобили, тој го наведе договорот за испорака на 1.600 корејски камиони на водород во Швајцарија.

– Достигнувањата на јужнокорејското производство на батерии, микрочипови, како и во полето на информатичката технологија, исто така, ќе ѝ помогне на Јужна Кореја во прераснувањето во светска водечка сила во автомобилската индустрија, додаде тој.

Водородните горивни ќелии се еколошки прифатлив извор на енергија со речиси неисцрпливи извори. Тоа се добива со помош на електричната енергија која создава електрохемиска реакција, од што пак, произлегува водена пареа и топлина.

За разлика од моторот со внатрешно согорување, системите со горивни ќелии на водород немаат подвижни делови, а губењето на ефикасноста при работата на машината, е минимално.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска