Јапонски пензионер ја тужи државната телевизија поради прекумерна употреба на странски зборови

Од:

Јапонски пензионер поднесе тужба против државната телевизија Ен-Ејч-Кеј поради прекумерна употреба на странски зборови, што како што наведе, му предизвикува „емоционална болка“.

Седумдесет и еден годишниот Хоџи Такахаши бара отштета од 1,4 милиони јени (12 илјади евра) од Ен-Ејч-Кеј за прекумерна употреба на странските зборови, наместо нивните јапонски еквиваленти.

– Мојот клиент смета дека Јапонија е преногу американизирана. Тој стравува дека земјата се претворила во американска провинција, рече адвокатот Муцуо Мијата.

Такахаши е член на здружението за заштита на јапонскиот јазик. Државната телевизија соопшти дека ќе се воздржи од коментар, поради тоа што се уште не добила судски документ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија