Јана Бурчевска со „Dance alone“ настапува вечерва на Евровизија

Од:

Македонската претставничка на годинашниот избор на песна на Евровизија, Јана Бурчевска вечерва со песната „Dance alone“ ќе настапи на втората полуфинална вечер што ќе се одржи во Киев, Украина.

Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири комисии од земјите учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина.

Годинава, Македонската радио телевизија за членови на националното стручно жири ги делегира Александар Масевски, Силвана Мучиќ Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска.

Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија.

Директниот пренос од втората полуфинална вечер почнува од 21 часот на Македонската радио телевизија.

Би можело да ве интересира

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

А1он

Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

Хрватската песна се искачи на врвот на обложувалниците за победник на Евросонг

Предраг Петровиќ